Луѓе и возила за санирање на поплавите испрати Белград
Тим од седум луѓе, две специјални возила и две пумпи денеска испрати градот Белград во Скопје.
Ова се право за побрзо санирање на последиците од поплавите кои го зафатија скопскиот регион.
„Белград сочувствува со народот на Македонија“ - кажа директорот на „Беоком сервисот“ Дарко Главаш и потсети дека и Србија ја погоди вакво невреме и дека е човечки да се помогне.
Главаш посочи дека ЈКП „Белградски водовод и канализација“ го испратило своето најголемо возило за одзатнување фекалии, сливнички врски и за собирање содржини од канализациии и од подруми. ЈКП „Градска чистота“ голема фекална цистерна која ќе помага во чистењето на кал, а ЈП „Белград води“ две пумпи со голем капацитет од 2.000 литри во минута кои ќе помогнат за испразнување на вода од канализациската мрежа, од водоводните и канализациските системи и од индвидуални куќи.
Екипите во земјава ќе останат седум до 10 дена, а ако Владата на Македонија и Градот Скопје одлучат дека помошта им е неопходна подолго време, таа ќе остане колку што е потребно.
