Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луфтханза укинува 20.000 летови поради растот на цените на горивото

Луфтханза укинува 20.000 летови поради растот на цените на горивото

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека ќе укине околу 20.000 летови во периодот од мај до октомври, со цел да ги намали трошоците за гориво, кое значително поскапе поради конфликтот на Блискиот Исток.

Од компанијата информираат дека станува збор за кратки летови кои ќе бидат отстранети од летниот ред на летање, што, како што наведуваат, ќе заштеди околу 40.000 метрички тони авионско гориво.

– Вкупно 20.000 кратки летови ќе бидат укинати до октомври, со цел оптимизација на мрежата и обезбедување стабилност на летниот распоред – соопштија од „Луфтханза“.

Авиокомпанијата веќе откажува околу 120 летови дневно, а дел од неисплатливите линии од Минхен и Франкфурт ќе бидат целосно укинати до крајот на летната сезона.

Овие мерки доаѓаат во време кога европските министри за транспорт разговараат за можни решенија за спречување недостиг на авионско гориво. Според Меѓународната агенција за енергија, Европа има резерви за помалку од шест недели.

Европската Унија разгледува алтернативи, меѓу кои увоз на авионско гориво од САД и поголема флексибилност за авиокомпаниите при снабдувањето, како и олеснување на правилата за користење на аеродромските слотови.

Покрај „Луфтханза“, и други авиокомпании низ светот преземаат слични чекори. Американската „Делта ерлајнс“ најави укинување на неисплатливи линии за да покрие трошоци од околу една милијарда долари, додека азиски компании како „Катеј Пацифик“ и „Ер Азија X“ веќе намалија дел од своите рути.

Во меѓувреме, дел од авиопревозниците ги зголемуваат цените на билетите или воведуваат дополнителни надоместоци за гориво, со цел да се справат со растечките трошоци.

Експертите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, патниците ќе се соочат со уште поскапи летови и намален избор на дестинации во наредниот период.

Н1

Слично

Поврзани вести