Луфтханза се пожали на огромни загуби поради штрајкот на пилотите
Авионскиот германски гигант Луфтханза се пожали дека штрајкот на пилотите кој траеше шест дена во ноември скапо ќе ја чини компанијата која проценува дека за тоа време претрпеле загуби од стотина милиони евра.
Синдикатот на пилотите „Кокпит“ штрајкот го организираше поради застојот во преговорите со управата за зголемувањето на платите, па беа откажани околу 4.500 летови.
Компанијата и синдикатот сеуште не постигнаа договор, па преговорите ќе продолжат наредната недела.
Овие несогласувања траат со години, а неколку штрајкови на пилотите од 2014 и 2015 година „Lufthansa“ ја чинеа 351 милион евра.
Слично
