Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ДЕЛИ МИЛИОНСКИ БОНУСИ: Компанијата едвај преживеа, зеде помош од државата

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ДЕЛИ МИЛИОНСКИ БОНУСИ: Компанијата едвај преживеа, зеде помош од државата

Членовите на управниот одбор на Луфтханза ќе добијат по неколку милиони евра бонуси за 2021 и 2022 година, и покрај тоа што компанијата доби државна помош за време на пандемијата.

Надзорниот одбор ги одобри исплатите на бонусите на состанокот на почетокот на декември, објави весникот Handelsblat, повикувајќи се на сигурни извори од компанијата.

Дел од претставниците на вработените гласале против исплатата, бидејќи сметале дека тоа е прекршување на условите од државниот пакет помош за спасување, додава весникот.

Портпаролот на Луфтханза изјави за Ројтерс дека не може да ги коментира дискусиите на Надзорниот одбор. Извори од германската влада го минимизираа извештајот за бонус, велејќи дека управниот одбор на Луфтханза се покажал добро и државата излегла од инвестицијата со профит.

Фондот за економска стабилизација на германската влада ја спаси Луфтханза од банкрот за време на пандемијата со пакет помош од вкупно 9 милијарди евра. Владата во септември годинава ги продаде сите свои акции во таа авиокомпанија. Портпаролот на Луфтханза изјави за Ханделсблат дека парите нема да бидат исплатени до 2025 година, доколку дотогаш се биде добро, што значи дека исплатите не се ретроактивни, туку дел од долгорочен бонус, додава британската агенција.

ФОТО: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Слично

Поврзани вести