Љубовен неделен хороскоп 29.02 – 06.03.2016
Овен
Во љубовниот живот употребете малку повеќе фантазија и уживајте во моментот. Четврток и петок се особено погодни за патувања надвор од градот, а зошто не и за романтичен одмор? Оние кои не се во врска нема да можат да се пожалат на недостиг на внимание.
Бик
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Близнаци
Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Слично
