Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 28 12 2015 – 03 01 2016

Љубовен неделен хороскоп 28 12 2015 – 03 01 2016
Овен Ова ќе биде една прекрасна недела, во која може да се постигнат многу соништа поврзани со домот и возбудливи за вас и партнерот. Какви промени и да се направат во оваа фаза, ќе ја зголемат вредноста на вашиот дом. На крајот на неделата одвојте малку повеќе време за романтика. Бик Оваа недела сте во расположение за љубов! Раскошната врска меѓу Венера, која сега е во вашиот сектор на партнерството, кон Јупитер, кој се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Ова ќе ве натера да доживеете голема радост и задоволство со партнерот и е можно да имате емоционален разговор во врска со чувствата еден кон друг. За вас љубовниот живот оваа недела ќе биде како остварување на сонот. Близнаци Близнаците ги очекува љубовна афера, која ќе се пренесе и во службата. Ова важи како за неврзаните претставници на зодијачкиот знак, така и за оние кои се наоѓаат во врска. Можно е да поставите нов љубовен почеток или да се стави крај на долгогодишната врска. Рак Љубовта е во воздухот! Овој петок, Венера ќе биде во совршен агол кон Нептун, ветувајќи прекрасна романса помеѓу вас и некој посебен човек. Бидејќи Венера сега е во вашиот знак, тоа ќе ве натера да се чувствувате попривлечни и посамоуверени од било кога. Уживајте во магијата! Лав Неделата нема да биде особено романтична за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Вие и партнерот ќе се возбудите од идеи поврзани со интересен проект. И двајцата ќе се чувствувате инспирирани и сплотени. За оние од вас кои бараат нова љубов, ѕвездите ве советуваат да погледнете наоколу. Девица Врзаните претставници на зодијачкиот знак имаат голем потенцијал да постигнат нешто навистина убаво во врската. Венера се наоѓа во вашиот сектор на партнерството и овој четврток ќе се поврзе кон Плутон. Ова ќе помогне за подобрување на духовната врска со партнерот. Може да се разгледаат тантричките практики, особено во сексот Вага За врзаните Ваги претстои недела, во која ќе почувствуваат силна поддршка на партнерот. Таа или тој ќе ви покаже дека верува во вашите таленти и во она што го правите. Бидете управувани од своите цели, но не заборавајте за романтиката во врската. Моментов е погоден за мали изненадувања кон љубениот. Шкорпија Вашиот колега ќе ви обезбеди финансиска поддршка, која ќе ви даде слобода да ги реализирате своите цели и да верувате во себе. Во петокот ќе имате можност да ја зголемите духовната врска и ќе почувствувате дека до себе имате сродна душа. Стрелец Ако се наоѓате во врска или сте семејни луѓе, оваа недела ќе ве возбудува ангажман во кој и двајцата со партнерот ќе треба да дистрибуирате одговорности. Исто така плановите ќе се ориентирани кон обезбедување на финансиска иднина на семејството. Ви претстојат едни убави спокојни празници. Јарец Ќе уживате во една убава недела со својот сакан човек. Во петокот, кога е и полна месечина, ќе имате можност да ја зајакнете вашата емотивна врска. Ќе се чувствувате добро, сигурно и тоа ќе ја предизвика желбата во вас да ја покажете својата благодарност до својата сакана. Водолија Ако имате планови за лансирање на нов бизнис, партнерот ќе ја покаже својата поддршка. Друга можност да се добие зелено светло од партнерот, е да се движите напред во кариерата. Очекувајте убави вести после петок и оддадете се на романтика. Риби Комуникацијата со партнерот ќе биде деликатна оваа недела. Ќе имате желба да поразговарате стари, но не и заборавени прашања. Бидете внимателни и изнесете ја темата така, што омилениот човек нема да реагира негативно. Ако не можете да ги испеглате недоразбирањата, побарајте совет од семеен терапевт
Слично

Поврзани вести