Љубовен неделен хороскоп 28 03 – 03 04 2016
Овен
Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Бик
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Близнаци
Очекувајте момент на созревање во секторот на љубовта. Во оваа недела ќе треба да се погледне реално на вашата врска. До петок ќе стане јасно дали сте подготвени да продолжите заедно гледајќи во една насока, или иднината ќе ви донесе само разочарувања во љубовта.
Слично
