Љубовен неделен хороскоп 27 06 – 03 07 2016
Овен
Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право. Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.
Бик
Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот со него, а ако повеќе време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Близнаци
Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искористете ги следните денови да им подарите на саканите незаборавни моменти. Добро е да помислите и за посериозно поврзување.
Рак
Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканaта личност и не дозволувајте доминација и надмудрување.
Лав
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Девиц
Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.
Слично
