Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 22 08 – 28 08 2016

Љубовен неделен хороскоп 22 08 – 28 08 2016
Овен Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него. Бик Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки. Близнаци На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на службените проблеми. Деновите пред викендот се погодни за планирање на некој настан или свадба. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е многу голема. Рак И приватните односи ќе бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток. Лав Средината на неделата ќе се покаже пријатна за вас и партнерот кога ќе имате можност да уживате во финансиски поттик. Исто така омилениот човек може да сподели и вест поврзана со кариерата, која дополнително ќе ве воодушеви. Ве очекуваат денови во кои ќе се чувствувате мотивирани и посакани од обично Девица За Девицата седмицата почнува со чувство на незадоволство, особено за оние кои живеат заедно со партнерот. Можно е да има конфликт помеѓу вас, заради решение во кое не сте на исто мислење со партнерот. Овој конфликт ќе влијае на одреден начин на врската и може да се најдете во ќор-сокак.
Слично

Поврзани вести