Љубовен неделен хороскоп 20.06 – 26.06.2016
Овен
На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на службените проблеми. Деновите пред викендот се погодни за планирање на некој настан или свадба. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е многу голема.
Бик
Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Периодот е одличен за слободните претставници на овој знак.
Близнаци
Искористете ги предностите на викендите за да направите баланс во врската. Вашиот партнер не може да чита мисли. Објаснете му кои се вашите очекувања и со заеднички напори обидете се да ги надмине проблемите.
Рак
Ќе бидете доста отворени и расположени, а вашиот партнер ќе знае да ви возврати. За оние кои се во брак ова е доста хармоничен период полн со љубов и разбирање. Слободните ќе запознаат прекрасна личност. Некое пријатно изненадување ќе ја промени вашата секојдневница. Ќе се најдете на местото каде што сте посакувале да бидете и ќе имате одлична прилика. Па искористете ја.
Лав
Љубовниот живот ви е интензивен, па чуствувате потреба за љубов и сигурност. Не дозволувајте со пречуствителност да ја оптеретувате вашата врска. Бидете едноставни и уживајте во сегашните моменти. Новиот партнер ви дава шанса подобро да го запознаете. Обидете се заедно да ги поделите проблемите. Оние претставиници кои сокриваат некоја љубов треба да бидат повнимателни, бидејќи може да стане опасна по нивната кариера.
Девица
Ве очекуваат напнати односи и судири со партнерот. Сепак на добар пат сте сами да ја откриете причината за вашите грижи и проблеми. Не се занимавајте со ситници и не размислувајте на минатото. Ако повеќето околности се против вас тоа не значи дека не можете да успеете. Бидете храбри и подготвено менувајте го она што не ви се допаѓа. Во односите внатре во семејството би можело да дојде до мала криза, можеби затоа што некој од членовите го запоставува. остатокот на семејството.
Слично
