Љубовен неделен хороскоп 18.07 – 24.07.2016
Oвен
Ова ќе биде една прекрасна недела, во која може да се постигнат многу соништа поврзани со домот и возбудливи за вас и партнерот. Какви промени и да се направат во оваа фаза, ќе ја зголемат вредноста на вашиот дом. На крајот на неделата одвојте малку повеќе време за романтика.
Бик
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Близнаци
Кај слободните, едно позанство може да се претвори во нешто поголемо. Можен е и некој контакт од минатото. Ќе се изненадите од вашата реакција. Зафатените, имаат потреба да ги искажат своите чувства.
Рак
Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него
Лав
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Девица
Интересни познанства се врзани со вашето работно место. Може ве интересира зафатена личност која живее во друг град. Личност од минатото може да почне да ве малтретира, но вие имате тактика во таков случај. Уживате во флерт и вниманието кое го добивате од спротивниот пол, без разлика дали сте заинтересирани или не.
Слично
