Љубовен неделен хороскоп 18 04 – 24 04 2016
Овен
На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на службените проблеми. Деновите пред викендот се погодни за планирање на некој настан или свадба. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е многу голема.
Бик
Кога е во прашање љубовта, ќе биде потребно да имате поголемо разбирањење за партнерот и да одржувате рамнотежа. Свесни сте дека некои работи не можат да се променат преку ноќ, но длабоко во себе знаете дека сте на добар пат да го постигнете тоа што ви е најмногу важно. За да не си создавате непотребни тензии во приватноста, научете се да велите “не”. Ќе заштедите голем број “главоболки”, ако научите да се поставувате себеси на прво место.
Близнаци
Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканaта личност и не дозволувајте доминација и надмудрување.
Рак
Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искористете ги следните денови да им подарите на саканите незаборавни моменти. Добро е да помислите и за посериозно поврзување. Чувствувате нов импулс на радост и задоволство во близина на саканото лице. Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и влијаете шармантно на светот околу себе.
Лав
Семеен спор во почетокот на неделава ќе ве натера да се преиспитате за своето однесување. Бидете трпеливи и не дозволувајте на гневот да го победи здравиот разум. Искористете ги предностите на слободното време што останува и планирајте ги идните активности.
Девица
Во љубовниот живот употребете малку повеќе фантазија и уживајте во моментот. Четврток и петок се особено погодни за патувања надвор од градот, а зошто не и за романтичен одмор? Оние кои не се во врска нема да можат да се пожалат на недостиг на внимание. Ви пречи самоволието на партнерот или вообразеноста, бидејќи има одговор на секое ваше прашање. Поради тоа сте напнати и нервозни, смирете ги заедничките страсти.
Слично
