Љубовен неделен хороскоп 16.05 – 22.05.2016
Овен
Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Бик
Ова ќе биде една прекрасна недела, во која може да се постигнат многу соништа поврзани со домот и возбудливи за вас и партнерот. Какви промени и да се направат во оваа фаза, ќе ја зголемат вредноста на вашиот дом. На крајот на неделата одвојте малку повеќе време за романтика.
Близнаци
Неделата нема да биде особено романтична за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Вие и партнерот ќе се возбудите од идеи поврзани со интересен проект. И двајцата ќе се чувствувате инспирирани и сплотени. За оние од вас кои бараат нова љубов, ѕвездите ве советуваат да погледнете наоколу.
Рак
И приватните односи ќе бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.
Лав
Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во втората декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во вашата врска.
Девица
За Девицата седмицата почнува со чувство на незадоволство, особено за оние кои живеат заедно со партнерот. Можно е да има конфликт помеѓу вас, заради решение во кое не сте на исто мислење со партнерот. Овој конфликт ќе влијае на одреден начин на врската и може да се најдете во ќор-сокак.
Слично
