Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 15.08 – 21.08.2016

Љубовен неделен хороскоп 15.08 – 21.08.2016
Овен Вашите љубовни ставови и одлуки ќе бидат резултанта на несвесните емоции, па токму затоа и вашите вистински мотиви и желби нема да ви бидат целосно јасни. Со своето однесување ќе предизвикувате збунетост и кај спротивната страна, која ќе чувствува потреба да се брани, повлекува или да го искаже своето незадоволство. Во спротивно, лесно ќе ја поминувате границата меѓу љубовта и лутината, наклонетоста и незаинтересираноста. А во исто време сте неодоливо привлечни и зрачите со самодоверба. Бик Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Периодот е одличен за слободните претставници на овој знак. Близнаци Интимните контакти ќе бидат нагласени овој период. Најповеќе ќе размислувате за љубовта и ќе се трудите да се снајдете во гужвата која моментално ја има зафатено вашата љубовна врска. Вашето љубовно незадоволство најдобро е да си го соберете во себе и да се обидете од почеток да ги најдете вашите грешки. Разговарајте со партнерот само со низок тон. Слободните преставници ненадејно ќе се заљубат. Рак Ќе бидете доста отворени и расположени, а вашиот партнер ќе знае да ви возврати. За оние кои се во брак ова е доста хармоничен период полн со љубов и разбирање. Слободните ќе запознаат прекрасна личност. Некое пријатно изненадување ќе ја промени вашата секојдневница. Ќе се најдете на местото каде што сте посакувале да бидете и ќе имате одлична прилика. Па искористете ја. Лав Љубовниот живот ви е интензивен, па чуствувате потреба за љубов и сигурност. Не дозволувајте со пречуствителност да ја оптеретувате вашата врска. Бидете едноставни и уживајте во сегашните моменти. Новиот партнер ви дава шанса подобро да го запознаете. Обидете се заедно да ги поделите проблемите. Оние претставиници кои сокриваат некоја љубов треба да бидат повнимателни, бидејќи може да стане опасна по нивната кариера. Девица Ве очекуваат напнати односи и судири со партнерот. Сепак на добар пат сте сами да ја откриете причината за вашите грижи и проблеми. Не се занимавајте со ситници и не размислувајте на минатото. Ако повеќето околности се против вас тоа не значи дека не можете да успеете. Бидете храбри и подготвено менувајте го она што не ви се допаѓа. Во односите внатре во семејството би можело да дојде до мала криза, можеби затоа што некој од членовите го запоставува. остатокот на семејството. Поразговарајте отворено за се, но бидете подготвени и да попуштите.
Слично

Поврзани вести