Љубовен неделен хороскоп 11.07 – 17.07.2016
Oвен
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Бик
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Близнаци
Кај слободните, едно позанство може да се претвори во нешто поголемо. Можен е и некој контакт од минатото. Ќе се изненадите од вашата реакција. Зафатените, имаат потреба да ги искажат своите чувства.
Рак
Многу ќе ве нeрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во втората декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во вашата врска.
Лав
И на емотивното поле ве очекува збрка. Проблеми со старите љубови и новите познанства. Го привлекувате погледот на креативните и физички привлечни личности.
Девица
Интересни познанства се врзани со вашето работно место. Може ве интересира зафатена личност која живее во друг град. Личност од минатото може да почне да ве малтретира, но вие имате тактика во таков случај. Уживате во флерт и вниманието кое го добивате од спротивниот пол, без разлика дали сте заинтересирани или не.
Слично
