Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп (09.05 – 15.05.2016)

Љубовен неделен хороскоп (09.05 – 15.05.2016)
Oвен Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во втората декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во вашата врска. Бик Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните. Близнаци Кај слободните, едно позанство може да се претвори во нешто поголемо. Можен е и некој контакт од минатото. Ќе се изненадите од вашата реакција. Зафатените, имаат потреба да ги искажат своите чувства. Рак И на емотивното поле ве очекува збрка. Проблеми со старите љубови и новите познанства. Го привлекувате погледот на креативните и физички привлечни личности. Лав Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки. Девица Интересни познанства се врзани со вашето работно место. Може ве интересира зафатена личност која живее во друг град. Личност од минатото може да почне да ве малтретира, но вие имате тактика во таков случај. Уживате во флерт и вниманието кое го добивате од спротивниот пол, без разлика дали сте заинтересирани или не.
Слично

Поврзани вести