Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 07.12 – 13.12.2015

Љубовен неделен хороскоп   07.12 – 13.12.2015

Овен Очекувајте повеќе хармонија помеѓу вас и вашиот партнер оваа недела. Во петокот вашата владејачка планета Венера, ќе се пресели во секторот на односите и ќе остане таму до 30 декември. Ќе почувствувате зајакнување на љубовта на едно подлабоко ниво, ќе имате желба да го вклучите партнерот во односи кои имаат перспектива. Бик Ненадејни промени во вашиот љубовен живот може да влијаат врз здравјето физички или да наштети на психата. Ако се чувствувате збунети во љубовта, избегнувајте ги конфликтите со партнерот. Лошата клима во љубовта е привремен феномен. Близнаци Подеми и падови ќе има во секторот на љубовта за родените во знакот на Хороскопскиот знак Близнаци. И покрај малите недоразбирања, ќе се чувствувате сигурни во романтиката. Внимавајте во четвртокот, кога Сатурн ќе излезе надвор од контрола. Рак Во оваа недела вие и партнерот ќе завршите некој проект, ќе донесете важна одлука или ќе решите проблем. Сето се развива во ваш интерес. Сексуалниот живот ќе го заземе својот врв, но не дозволувајте ситни пречки да ја расипат хармонијата меѓу вас Лав Понекогаш во љубовта е тешко. Понекогаш дури и боли. И понекогаш, тоа нè збунува. Сатурн која е планета на лекциите и ограничувањето, сега се наоѓа во секторот на романтиката. Ќе имате многу прашања кои ќе ви го возбудат срцето. Обидете се да не бидете напнати, бидејќи крајниот резултат ќе биде во ваша корист. Девица Ако се наоѓате во сериозна врска, вашиот партнер ќе треба да добие поддршка. Деликатните ситуации се оние кои ни покажуваат дали сме еден за друг. Обидете се заедно да преминете во најтешките моменти за да уживате на романтиката која ве очекува. Вага За врзаните Ваги  ќе биде недела на искушенија во секторот на љубовта. Не обидувајте се да го контролирате партнерот, бидејќи колку повеќе ја држите во раце, толку поголем е ризикот љубовта да ви се лизне. Дајте ѝ слобода на саканата, а ако нешто ви пречи, најдобро е да го споделите. Шкорпија Романтиката ќе ве натера да се чувствувате посигурни. Ако се наоѓате во необврзувачка врска, има опција да ги откриете своите чувства или да се посомневате во исправноста на партнерот. Не брзајте со заклучоците, туку размислете внимателно за односите  и она што сакате да се случи помеѓу вас. Стрелец За самите стрелци неделава ќе биде исклучително интересна. Можно е да се појави нова љубов зад граница или ако во моментов одржувате несериозна сексуална врска, таа да стане нешто повеќе. Почекајте до петок, кога ќе биде најсоодветен ден за носење на сериозни одлуки. Јарец Можете да се судрите неочекуван отпор од страна на роднини, кои ќе се обидат да ви интервенираат во личниот живот. Не дозволувајте некој да ги одредува вашите избори во љубовта. Од друга страна, ако се наоѓате во необврзувачки однос, може да одлучите овие односи да се претворат во убава врска. Водолија Романтиката ќе го исполни вашиот живот, но бидете внимателни кога станува збор за комуникацијата со партнерот. Не брзајте да заклучувате на одредена тема, за да не го повредите саканиот. Исто така не носете и избрзани одлуки, кои потоа може да ги промените. Во среда направете романтично  изненадување на партнерот. Риби Напорот во работата ќе ви земе од енергијата, која инаку би ја вложиле во романса со својот сакан човек. Не носете важни одлуки пред да се консултирате со партнерот. Тој од своја страна ќе ве поддржува.
Слично

Поврзани вести