Љубовен неделен хороскоп 02 05 – 08 05 2016
Овен
Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искористете ги следните денови да им подарите на саканите незаборавни моменти. Добро е да помислите и за посериозно поврзување.
Бик
Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот со него, а ако повеќе време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Близнаци
Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право. Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.
Рак
Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканaта личност и не дозволувајте доминација и надмудрување.
Лав
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Девиц
Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.
Вага
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетет се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но од него треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.
Скорпија
И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.
Стрелец
Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.
Јарец
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во втората декада особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Водолија
Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па, размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.
Риби
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Слично
