Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 04 01 – 10 01 2016 година

Љубовен неделен хороскоп 04 01 – 10 01 2016 година
На почетокот на новата 2016-та година, ѕвездите укажуваат дека треба да бидеме внимателни во комуникацијата со партнерот. Венера и Марс ќе имаат силно влијание во љубовта. Искористете ги предностите на секоја добра можност. Еве што ве очекува и според хороскопскиот знак под кој сте родени. Овен Средината на неделата ќе се покаже пријатна за вас и партнерот кога ќе имате можност да уживате во финансиски поттик. Исто така омилениот човек може да сподели и вест поврзана со кариерата, која дополнително ќе ве воодушеви. Ве очекуваат денови во кои ќе се чувствувате мотивирани и посакани од обично. Бик Избегнувајте да зборувате со вашиот партнер за прашања во врска со кариерата во овие денови. Тоа само ќе ви ги влоши односите. Во неделата е многу веројатно да разговарате со партнерот важни финансиски прашања. Оние од вас кои немаат некој близок до себе, по среда ќе имаат шанса да се сретнат со интересна личност. Близнаци Ако односот со партнерот не се одвивал добро во овие денови, оваа недела ќе забележите значително подобрување. Венера ќе влезе во вашиот сектор на партнерствата и ќе се задржи таму до 23 јануари. Ве очекуваат хармонија и среќа. За оние од вас кои се наоѓаат во необврзувачка љубовна врска, постои шанса таа да прерасне во нешто повеќе. Рак Оваа недела сте во расположение за љубов! Раскошната врска меѓу Венера, која сега е во вашиот сектор на партнерството, кон Јупитер, кој се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Ова ќе ве натера да доживеете голема радост и задоволство со партнерот и е можно да имате емоционален разговор во врска со чувствата еден кон друг. За вас љубовниот живот оваа недела ќе биде како остварување на сонот. Лав Венера ја дава својата моќна поддршка за осамените претставници на зодијачкиот знак за кои има шанса да ја започнат новата година со нов љубовни трепет. Универзумот е подготвен да ве наградат со љубов. Ако веќе имате партнер до себе, комуникацијата помеѓу вас значително ќе се подобри. Девица Можно е да произлезат некакви пререкувања поврзани со пари. За среќа ваш роднина или близок ќе биде медијатор во настанатата ситуација. Не брзајте со одлуките и пробајте да водите нормална комуникација со љубениот. Вага Осамени сте и се надевате дека ќе се запознаете со некој посебен? По среда ѕвездената карта покажува дека има шанса да сретнете нова можност во љубовта. Воопшто ви претстои една позитивна и пријатна недела на љубовен план. Шкорпија Не дозволувајте роднините да се мешаат во вашата врска и да се обидуваат да ја спречат. По среда, ако се наоѓате во врска, ќе се чувствувате многу ценети од својата сакана. Во неделата Марс влегува во вашиот знак и тоа ќе ви даде дополнителен поттик во љубовта. Стрелец Венера ќе ви ја покаже својата моќна поддршка и вие не само што ќе се чувствувате, но и ќе бидете посакувани и доживеете додворување. Ова ќе трае до 23 јануари, затоа извлечете го максимумот од овој период. За оние од вас кои имаат партнер до себе, може да се каже дека ќе се чувствувате повеќе поврзани со својот сакан. Јарец Венера ќе има силно влијание врз љубовниот живот на врзаните jaрци, кои во овие денови ќе сакаат да го/ја задржат својот/а сакан/а само за себе. Наместо забави или други социјални настани, ќе претпочитате да останете насамо и да се препуштите на романтика. Водолија Ќе го почувствувате партнерот како нешто повеќе од партнер. Во неговото или нејзино лице ќе видите пријател, а тоа ќе ве натера да се чувствувате исклучително добро во врската. Ако сте осамени во љубовта, постои голема веројатност со ваш пријател да се добие нешто навистина убаво. Охрабрете се, тоа може да е почеток на нова љубов за вас. Риби Вашиот колега ќе ви обезбеди финансиска поддршка, која ќе ви даде слобода да ги реализирате своите цели и да верувате во себе. Во петокот ќе имате можност да ја зголемите духовната врска и ќе почувствувате дека до себе имате сродна душа.
Слично

Поврзани вести