Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен хороскоп за јули 2016

Љубовен хороскоп за јули 2016
  Прочитајте што ви носат ѕвездите во вашето поле на љубовта во овој летен месец. Овен Јули баш и не ве израдува кога станува збор за љубовта, но јули е месецот кој ви носи убави моменти на емотивен план. Тоа што е најважно е дека љубовта ќе чукне на вашата врата. Слободните претставници на овој знак ќе се најдат во ситуација на услови и можности да го запознаат својот потенцијален партнер. Однесувањето кое ви е својствено, способноста да бидете доминантни во комуникација, но и пристојноста и љубезноста кои ги поседувате ќе направат да привлечете повеќе личности во текот на овој месец. Само важно е да внимавате што ќе ве привлече кај нив, тоа да не бидат нереални факти и работи, туку потрудете се да ги увидите вистинските вредности во таа личност. Доколку тоа се случи, ве очекува интересна и квалитетна врска. Зафатените претставници на овој знак ќе ги искажат своите вистински очекувања, па би било добро да пронајдете поради што дојде до блокадата која беше присутна во изминатите месеци. Не дозволувајте да паднете во емоционална криза и проблеми со партнерот кои не ви се потребни. Бик Јули не е месец кој посебно ќе ви се допадне, особено кога љубовта е во прашање. Поради големата доза на самоуверност која ја носите во себе и доминантноста кон која копнеете, емоционалните односи нема да бидат нешто на што ќе бидете посебно горди. Тоа ќе влијае на вашето расположение и затоа најдобро ќе биде да се смирите. Потребно ќе биде малку да ги одложите работните обврски, дури и да ги занемарите за да обрнете повеќе внимание на партнерот или пак на личноста која ви се допаѓа или онаа која сака да ве освои. Ни вие не сакате да бидете занемарувани и затоа не им го правете тоа на другите. Најдобро би било да отидете на краток романтичен одмор кој добро ќе го осмислите што ќе го поттикне и адреналинот во вам. Освен флертот, слободните Бикови нема да имаат многу прилики па затоа подобро е да ги чекаат останатите месеци во годината, а во меѓувреме да уживаат во комплиментите од спротивниот пол. Близнаци За близнаците, јули носи нежности во љубовта што особено ќе им одговара. ќе бидете смирени и ведри, што одлично ќе влијае на полето на љубовта. Ќе сакате да минувате што повеќе време со партнерот, а ќе ви одговараат и романтиката и размената на нежности. Меѓутоа, доколку вашиот партнер е под стрес или тензија, ќе дојде до мало „заладување“ на вашите односи. Ова е месец во кој поради доброто расположение и љубовта, ве очекуваат многу интересни моменти на сексуален план. На слободните претставници на овој знак, јули ќе им донесе многу симпатии, а можеби и врска. Но, новиот партнер можеби ќе ве разочара со некои постапки и гестови. Во одредени ситуации можеби вашите чувства ќе бидат навредени, но потрудете се да не реагирате нагло и да оставите малку време за да ја согледате ситуацијата. Рак Раковите влегуваат во месец кој нема да им донесе ништо убаво на емоционално поле. Поради постојаните префрлувања и постојани критики, вашата сакана личност ќе се дистанцира од вас. Тоа е така бидејќи нема да бидете во ситуација лесно да заборавите на нешта од минатото, па тоа и ќе ве принудува така да се однесувате. Меѓутоа, не е сè изгубено. Потребно е само малку контрола и смиреност за да се решат брзо ситуациите. Ова е месец во кој не треба да дозволите вашите стравови да ве спречат да влезете во врска, бидејќи тие се нереални и целосно непотребни. Несигурноста ве спречува во многу нешта кога љубовта е во прашање, а тоа ќе спречи многу претставници на овој знак да остварат нешто ново и убаво. Дури кога ќе го тргнете од себе својот одбрамбен став, ќе можете да запловите во нова емотивна врска која ќе ве исполни. Вистинската терапија за вас за следниот период се насмевките и доброто расположение. Лав Јули е месец кога Лавовите ќе уживаат во магиите на љубовта. Сите оние кои се зафатени ќе уживаат во совршени моменти со својата сакана личност, па тоа постојано ќе предизвикува добро и ведро расположение, што ќе ги поттикне и вашите партнери да бидат погрижливи и внимателни кон вас. Овој месец е во знакот на љубовта, вниманието и нежноста, така што препуштете се и обидете се да создадете убави спомени од овие денови. За слободните претставници на овој знак ќе постојат најголеми шанси за квалитетна врска. Искористете го овој период за да најдете личност која ви одговара и со која ќе бидете во состојба да воспоставите добар и квалитетен однос. Девица Зафатените Девици ќе бидат во ситуација во која нивните врски ќе зависат од комуникацијата и начинот на однесување кон партнерот. Доколку воспоставите добра меѓусебна комуникација за што имате совршена подлога, тогаш во текот на јули ќе уживате во хармонична врска полна со љубов, разбирање и нежности. Таквата врска ќе ви одговара и ќе бидете мотивирани за многу нешта. Меѓутоа, ако комуникацијата не е на задоволително ниво, тоаш прво запрашајте се што е коренот на постојаните критики. Партнерот ќе биде тука за вас во сите моменти, но важно е правилно да му пристапите. Сепак, и покрај сè, овој месец ќе биде одбележан со многу љубов и разбирање, што ќе им годи и на многу слободни претставници на овој знак, кои ќе запознаат интересни личности, меѓу кои и една посебна со која пријателството може многу лесно да премине во врска.
Слично

Поврзани вести