Љубе пет часа сведочеше пред Катица
Пет часа траеше распитот во Специјалното јавно обвинителство на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“.
„ Бошкоски денеска даваше исказ во својство на сведок и оштетен во случајот „Кампања“, а во врска со пречекорувањето на овластувањата на органите кои учествувале во преземањето на дејствијата во конкретниот случај “ – изјави неговиот адвокат Константин Кратовалиев, но не сакаше да даде повеќе детали.
Бошкоски денеска во 13 часот, со силна полициска придружба и лисици на рацете Бошковски беше донесен во просториите на специјалното јавно обвинителство.
Тој ја напушти со полициска придружба 15 минути по 18 часот, накратко поздравувајќи се со неколкумина негови симпатизери кои го чекаа пред зградата.
За случајот „Кампања” на Бошковски наскоро му истекува затворската казна за овој случај и се очекува за неколку месеци, најрано во март, а најдоцна во јуни да излезе од затвор.
