Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП: „Зошто да се замрзне сметката на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица?

ЛП: „Зошто да се замрзне сметката на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица?

Од Либералната партија прашуваат зошто се чекало толку време да се отвори случај против ,,Макпетрол'' кога делото било направено во 2006-2007 година, кој го држел предметот во фиока или го одолговлекувал процесот?

,,Ако фирмата не може да работи, кој ќе ја превземе улогата на „Макпетрол“ во снабдувањето со горива и гас? Што ќе биде со платите на преку 1.000 вработени во „Макпетрол“ и неговите фирми? И конечно, во услови кога цената на горивата на светскиот пазар се намалуваат, дали Владата со овој потег сака да направи вештачко зголемување на цената на горивата во Македонија, да преземе или вештачки да создаде пазар за нови компании блиски до неа, и со тоа да обезбеди неоправдана добивка на други компании во Македонија и/или зголемување на приливот во буџетот?“- се вели во соопштението на партијата.

Од партијата сметаат дека е бесмислено да се блокира сметката на ,,Макпетрол" кога кривичните пријави се однесуваат на физички лица. Тие додаваат дека ако МВР е загрижено за правата и средствата на акционери што според нив се оштетени, тогаш не може тие да се обесштетат ако се замрзнати сметките на „Макпетрол“ и ако фирмата не може непречено да работи.

„Во услови на вакво политичко прекројување на пазарот со енергенси, ги потсетуваме „Пржинските“ партнери од 2 јуни дека владеењето на правото, а не партиската поделба на економијата е основна задача на одговорната опозициска политика. Премолчувањето на суштината зад параванот на преговорите за „уставот од Пржино“ е само затворање очи пред налетот на власта врз уште една компанија и телевизија. Искуството со телевизијата „А1“ треба да е доволно,“ велат од ЛП.

Тие ја повикуваат Владата да ја одмрзне сметката на ,,Макпетрол" за компанијата непречено да работи додека тече правната постапка.

Слично

Поврзани вести