Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП: Заштита на границата пред бегалскиот бран е легитимна, но треба координиран европски план!

ЛП: Заштита на границата пред бегалскиот бран е легитимна, но треба координиран европски план!

Разбирливи се обидите на бегалците, соочени со воените дејства на Блискиот Исток, за спас на својот и животот на нивните семејства. Македонија, како и цела Европа има обврска да покаже хуманост и солидарност. Блискоисточната трагедија не дозволува рамнодушност.

Истовремено, имајќи ги во вид ограничените ресурси на државата и фактот дека бегалскиот бран е насочен кон попросперитетните членки на ЕУ, и за Либералната партија  и за сите политички сили е јасно дека државата и регионот сама не може да се справи со овој предизвик.

„Веруваме  во општата оценка дека домашните хуманитарни организации и активисти покажаа високо ниво на оперативност и помош во олеснувањето на тешкотиите на бегалците.

Оваа состојба е реален проблем за земјата, која прераснува во зона на престој на бегалците. Без општ (европски) план и координирана акција, ризикува да ја загрози безбедноста на граѓаните на повеќе (транзитни) региони во РМ, но и на самите бегалци“, велат од Либералната партија.

Оттаму  го поздравија дополнителното обезбедување на јужната и северната граница на Републиката.

Истовремено, Либералната партија  ја повикуаа Владата да започне интензивна комуникација со европските држави, заедно со другите држави од регионот, така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија (за да се избегне евентуалниот хаос), до нивното безбедно заминување кон посакуваните дестинации во ЕУ.

Слично

Поврзани вести