Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП: Втор споменик на Мајка Тереза е непродуктивно трошење

ЛП: Втор споменик на Мајка Тереза е непродуктивно трошење

Комисијата за економија и финансии на Либералната партија апелира да не се трошат буџетски пари за изградба на нов споменик на Мајка Тереза.

,,Во услови кога овој проект не може да се реализира бидејќи инвеститорот е во затвор, недозволиво е Владата да ја презема реализацијата со инвестиција од буџетски средства. Ова посебно поради фактот што веќе има споменик на светицата Мајка Тереза на улица Македонија во непосредна близина на предвидената локација за новиот споменик во Скопје“, смета Комисијата за економија и финансии на ЛП.

Тие потенцираат дека изградбата на новиот објект ќе биде само непродуктивно трошење на буџетските пари, особенo во ова време на забавена економија и политичка криза.

,,Владата на РМ со договорот во Пржино е речиси од технички карактер и сите проекти и законски решенија е потребно да се носат во Собранието во присуство на цел собраниски состав"- сметаат од ЛП.

Слично

Поврзани вести