Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП: Централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи

ЛП: Централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи

Од Либералната партија апелираат да се прекине изградбата на Панорамското тркало и да се поништи тендерот за споменикот на Мајка Тереза, за тие пари да одат кај поплавените семејства во Тетовско.

,,Сведоци сме дека луѓето страдаат од временски непогоди кои се резултат на речиси децениска негрижа во инфраструктурата при што гинат луѓе и згаснуваат млади животи. Временските непогоди не зависат од Владата и локалната самоуправа, но ако тие спроведуваа одговорно и планско градење канализациони системи, спречување дивоградби, непланско сечење на шумите и ако ги регулираа водите, ќе се избегнеа човечките жртви и штетните последици од непогодите. Затоа, сметаме дека централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи и за големите материјални штети“, се вели во соопштението.

Од партијата порачаа да не се трошат јавните пари за непотребни објекти, туку да се искористат за итна изградба на потребната инфраструктура, што беше уништена од невремето.

Слично

Поврзани вести