Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП: Не е можно на 5 јуни да има кредибилни избори

ЛП: Не е можно на 5 јуни да има кредибилни избори
На 5 јуни не е можно да има кредибилни избори, тврдат од Либералната партија. Ова тврдење го поткрепуваат со фактот дека резултатите од вкрстената анализа на податоците од различните институционални бази и од избирачкиот список непосредно ги потврдија сите досега најавени сомнежи.  Тука ја споменуваат кредибилноста на изборите  досега и легитимноста на законодавната и извршната власт, особено од 2014 година. Велат 500 гласачи  вишок можеби е грешка на институциите, но 500.000 се институционална и политичка кражба. „Но, и за јавноста и за Либералната партија е јасно дека, имајќи ги предвид енормниот број фиктивни гласачи и сите досегашни оддалечувања од нормалниот политички процес и дијалог, одлуката на Уставниот суд е само претходница на постапките кои може да се очекуваат од претседателскиот кабинет во две можни насоки: аболиција на сторители на изборен криминал во досегашниот период и аболиција на сторители на изборен криминал во иден изборен процес. Само овие два факти за Либералната партија, но и за широката јавност во земјата, а особено специјализираните и повиканите невладини организации, се показател дека кредибилни избори на 5 јуни не се возможни. Тука воопшто и не се навраќаме на тековните застои во т.н. преговори за медиумската сфера“- вели лидерот на ЛП, Ивон Величковски. Од партијата  ги повикаа пратениците на четирите најголеми партии,  заеднички во Собранието да предложат истоветен закон за измени и дополнувања на Законот за помилување, со кој надлежностите за прекин на постапката против обвинети или осудени  за педофилија, изборен криминал и други тешки кривични дела, повторно ќе бидат одземени од самостојното одлучување на претседателот.  
Слично

Поврзани вести