Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП бара одмрзнување на сметките на Макпетрол за редовно снабдување на пазарот

ЛП бара одмрзнување на сметките на Макпетрол за редовно снабдување на пазарот

Според ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА, со отварањето на процесот против челните луѓе на АД „Макпетрол“ токму сега, Владата на РМ ја покажува партиската запоседнатост на државниот апарат.

„Тајмингот и начинот на спроведување на овој процес се покажува дека во Македонија произволно се обработуваат процеси и истите се активираат за дневно-политички потреби.

АД „Макпетрол“ е увозник за гориво за цела РМ и е една од најголемите 100 фирми во Македонија. „Макпетрол“, заедно со Владата, преку „ГАМА“ е одговорна за изградбата на гасоводниот систем во Македонија, а во своја сопственост ја има ТВ „Телма“ со национална концесија.

Ако се имаат предвид овие факти, за ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА се наметнуваат следните прашања до ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ресорното министерство:

  • Која е потребата од замрзнување на банкарските сметки на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица?
  • Ако МВР е загрижено за правата и средствата на акционери што според нив се оштетени, како планираат да ги обесштетат ако се замрзнати сметките на „Макпетрол“ и фирмата не може непречено да работи?
  • Ако фирмата не може да работи, кој ќе ја превземе улогата на Макпетрол во снабдувањето со горива и гас?

Дали се тоа фирми кои во последните години со обилна помош на функционери од владата ги превземаа целосно или во делови ваквите фирми?

Дали тоа значи дека е отворен процесот на преземање под политички притисок?

Расчистувањето на овие прашања ќе одговори дали процесот против АД „Макпетрол“ е битка за нафтениот и растечкиот пазар на гас.

  • Ако наводното дело е направено во 2006-2007 и истото не може да се повтори,зошто се чекало толку време и кој го држел предметот во фиока или работел несовесно и го одолговлекувал процесот?
  • Што ќе биде со платите на преку 1000 вработени во Макпетрол и неговите фирми?
  • И конечно, во услови кога цената на горивата на светскиот пазар се намалуваат,дали Владата со овој потег сака да направи вештачко зголемување на цената на горивата во Македонија, да преземе или вештачки да создаде пазар за нови компании блиски до неа, и со тоа да обезбеди неоправдана добивка на други компании во Македонија и/или зголемување на приливот во буџетот?

Сакаме да потсетиме дека со ваквиот однос на Владата се создава анархија и се зголемуваат политичките и економските тензии кои неповолно влијаат на животниот стандард на сите граѓани во Македонија.

ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА ја повикува Владата, преку „независното судство“, да ја одмрзне сметката на АД „Макпетрол“ за да може непречено да работи бидејќи нема опасности наводното дело да се повтори.

Имајќи ја предвид реакцијата на опозицијата по ова прашање и занимавањето со парцелите на Водно во услови додека една од најголемите фирми е предмет на спорен правен процес, сметаме дека само тоа е начин четирипартитната влада да докаже дека нема да се меша во работењето на фирмите пред изборите 2016 година“, стои во соопштението на оваа партија.

Слично

Поврзани вести