Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лозница во режим на подготвеност, чекајќи нова водена стихија!

Лозница во режим на подготвеност, чекајќи нова водена стихија!

Поради најавените врнежи кои се очекуваат во Лозница и околината Видоје Петровиќ, командантот на градскиот штаб за вонредни состојби и градоначалникот на Лозница, донесе наредба за воведување на висок степен на подготвеност на подрачјата на сите месни заедници.

Тоа подразбира максимално ангажирање на луѓе и механизација и превземање на превентивни оперативни мерки и активности за спречување на настанување на тешки последици од елементарните непогоди од поплави.

Деветчлениот тим на кризниот штаб и Градскиот совет е задолжен да биде во чести контакти и координација во работата со Советите на месните заедници со задача да следат, проценуваат и превземаат потребни мерки.

Како што е дефинирано со наредбата, за се треба да го известуваат Оперативниот центар на Градскиот совет за вонредни состојби.

Слично

Поврзани вести