Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лозарите задоволни, државата ќе ги обештети за безмалку два милиони евра

Лозарите задоволни, државата ќе ги обештети за безмалку два милиони евра

Лозарите се задоволни од одлуката со која државата ќе ги обештети за долгот помеѓу еден ипол и два милиони евра кои им ги должат винариите Повардарие и Стефани.

Не се знае точно кога лозарите ќе си ги добијат парите но она што го потенцираше министерот е дека државата не презема долг кон приватните компании, туку само ќе ги обештети лозарите кои од 2014 година се со празни раце и ги немаат наплатено своите предадени производи. 

Државата ќе ги исплати лозарите, а потоа преку УЈП и Платежната агенција ќе си ги врати парите назад, објаснува Николовски кој вели дека државата го откупува долгот кој винариите го имаат кон лозаропроизводителите и потоа, како доверител, преку судски постапки, ќе си ги врати овие пари.

Сепак оваа одлука треба да помине на владината седница која е закажана за утре.

Слично

Поврзани вести