Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ловци на богатство пронашле монети вредни над 4 милиони долари

Ловци на богатство пронашле монети вредни над 4 милиони долари

Во близина на брегот на Флорида, ловците на богатство пронашле монети вредни 4,5 милиони евра.

Монетите биле од шпанскиот брод кој потонал за време на ураган во 1715. Бродот потонал, а товарот и богатството биле расфрлени по морското дно.

До сега се пронајдени повеќе од 350 златни монети и девет ројали.

,,Ова е второ големо откритие на ловците на богатство во изминатите неколку месеци. Најновите монети кои се пронајдени се исклучително ретки и секоја од нив е вредна околу 300.000 долари'' - вели шефот на екпедицијата Брент Брисбејн.

Тој вели дека парите се совршени примероци од тоа време и се направени по кралска нарачка.

Слично

Поврзани вести