Ловринчевиќ:Владата мора да го реши проблемот со политичките вработувања
„Владата прво треба да го реши проблемот со вработените во државните претпријатија, бидејќи таму има премногу луѓе со високи плати, а потоа може лесно да се договори со јавниот сектор, каде што има премногу вработени, но со многу ниски плати“ вели за „Јутарњи лист“ Жељко Ловринчевиќ макроекономист од Економскиот Институт, во изјава дадена по повод протестот на наставниците и медицински сестри во Хрватска.
Според него, основниот проблем на јавниот сектор, не е вкупната маса на вработени или нивните плати кои се под просекот на ЕУ, туку вишокот на технички персонал. Хрватска има недостиг од лекари и професори, но затоа пак, според проценки на аналитичарите, има од 15 до 20 проценти вишок во техничките служби. Наместо натамошно намалување на правата на вработените во јавниот што тоа ќе влијае на деградирање на нивните услуги, потребно е намалување само на бројката на вработени, смета Ловринчрвиќ.
„Тешко е да се каже колкав е тој број бидејќи негде имате недостиг, а на друго место превработеност. Превработеноста ја има на пример во училиштата, но не кај наставниците, туку кај хигиеничарите,во сметководство, кај советниците. Истото се случува и во државните компании кои се место за вработување на политички подобни лица“, објаснува економистот.
„Ако државата не е во состојба да ги реши проблемите во сопствените компании, тогаш синдикатите нема да се согласат на намалување на правата во јавниот сектор. Клучниот проблем на оваа Влада е тоа што не ги поддржа законските измени за вработувањето, кога тоа беше потребно. Сега тоа им се врати како бумеранг. Владата не беше во можност да размислува за она што е од национален интерес. Поради политички причини ги блокираа измените, а сега и тие самите се блокирани“, вели Ловринчевиќ.
Кога ќе се погледне целата оваа година, приходите ќе бидат околу 3,5 милијарди куни повисока од ланските.Сепак, објаснува тој, проблемот е во тоа што парите ќе се трошат за тековни предмети (плати, пензии, субвенции) наместо за неопходните инвестиции.
Слично
