Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ ИЛИ РАСЧИСТУВАЊЕ: Крај на лустрацијата!

ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ ИЛИ РАСЧИСТУВАЊЕ: Крај на лустрацијата!
Законот за лустрација наскоро ќе престане да функционира. Процесот на лустрација заминува во историја. Дали Македонија извршни успешна лустрација? Според многумина не. Лустрацијата практично беше жигосување на истакнати личности кои жестоко ги критикуваа политичките на власта. Од денешна перспектива - лустрацијата во Македонија всушност беше пресметка на власта со неистомислениците. Потегот на власта за укинување на законот за лустрација е очекуван, особено по забелешките и извештајот на Европската комисија. Укинување на Законот и ревидирање на процесот беше и една од главните барања на бриселските експерти предводени од Рајхард Прибе. Законот според него  е неуспешен и како што вели самоуништувачки за земјава. Љубомир Фрчковски, универзитетски професор: Лустрацијата беше глупа работа од самиот почеток – тотално ја игнорирав тогаш, а и кога ме лустрираа Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски кој беше на мета на лустрациската комисија вели дека целиот тој процес е глупа работа, која тотално ја игнорира. „Законот за лустрација никогаш не ми беше битен. Ниту ме интересираше кога се носеше, ниту ми беше битен кога го донесоа, уште понебитен ми беше и кога мене ме втурнаа во тој процес. Едноставно не сакам да се занимавам со глупи работи. Тотална игноранција кон лустрацијата од моја страна. Тој закон за мене не постои, но само едно знам дека нема да се откажам од барањето отштета за неправдата која ја направи кон мене таа комисија. Се друго – тотално игнорирам“, изјави за Фактор Љубомир Фрчковски. Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд - Лустрацијата е тотално промашување За поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски процесот на лустрација е тотално промашување. „Одлуката за укинување на законот за лустрација е чист изнуден потег, таа изнуда се темели пред се од извештаите на европските институции, особено од оној на Прибе. Овој процес треба да се преиспита и законот да престане да функционира. Беше во спротивност со сите принципи, се произнесе и венецијанската комисија. Овој процес криво започна. Еден од тие предлози е овој закон да се преиспита и да престане да функционира. Сега се поставува прашањето, процесот требаше да трае до 2019 година. Режимот вели дека овој процес успешно заврши, но приказната е сосема поинаква, не може да се каже дека овој процес имаше позитивен ефект. Лустрацијата е тотално промашување. Очигледно дека продолжува напорот на врхушката да се бара најлесниот начин како да излезат од калта во која длабокот се навлезени. Јас и понатаму ќе си барам сатисфакција пред судот во Стразбур“, изјави за Фактор, Трендафил Ивановски.  Комисијата лустрираше критичари на власта, но и мртви писатели Прв лустриран беше поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски. Во процесот на лустрација досега беа опфатени истакнати личности, познати како критичари на власта. Режисерот и екс прв човек на фондацијата СОРОС, Владимир Милчин, професорот и екс-министер за внатрешни и надворешни во владите на СДСМ Љубомир Фрчкоски, главната уредничка на „Фокус“ Јадранка Костова, екс-министерот за култура во една од владите на СДСМ и нивен екс портпарол Ѓунер Исмаил. Меѓу лустрирани се најдоа и мртви луѓе. Најголемо внимание во јавноста предизвика кога се лустрираше писателот Славко Јаневски. Еден од најпознатите македонски писатели во јуни 2013 година беше лустриран како соработник на тајните служби. Комисијата не го објави неговото име, но ги наведе податоците, дека се работи за академик и писател познат по делото „Селото зад седумте јасени“. Според лустраторите, во периодот на шеесетите и седумдесетите години како информатор од идеолошки причини ги кршел човековите права на лица уметници, сликари, писатели и артисти. Досиете на Јаневски се води под псевдонимот„Славјан“. За МАНУ, лустрацијата на Славко Јаневски е удар одвнатре на македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок, реагира Македонската академија на науките и уметностите. Во нивната тогашна реакција тие потенцираа дека одлуката на комисијата за верификација на фактите за водење на правна постапка против починато лице од државен орган е чин непознат за правото. Лустрацијата дел и од т.н политички бомби на Заев Опозициската СДСМ во обелоденувањето на т.н политички бомби на виделина го извади и функционирањето на лустрациската комисија. Имено, беа презентирани и разговори кои како што посочија од СДСМ само потврдуваат дека процесот на лустрација власта го претворила во политичка сатанизација на неистомислениците. Разговори потврдуваат како Анотниот Милошоски од ВМРО ДПМНЕ договара со претседателот на комисијата за лустрација, Томе Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација. Лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација беше судија од Кичево. Законот престанува да важи на 01 септември Власта реши да го укине законот за лустрација, поднесувајќи до Собранието предлог закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. Доколку овој предлог закон добие зелено светло ќе престане да важи на 1 септември годинава, а дотогаш решенијата што ќе бидат донесени ќе прдолжат да се применуваат врз основа на одредби од Законот се дури не завршат. „Од 1 септември 2015 година, Комисијата за верификација на  фактите нема  мандат за покренување нови постапки согласно Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.  Се запираат сите започнати постапки за кои до 1 септември 2015 година не се донесени решенија од Комисијата за верификација на  фактите, стои во членот 2 од Предлог на законот. И.М  
Слично

Поврзани вести