Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОШО СЦЕНАРИО: Ако Балканот не се интегрира, ќе има војна?

ЛОШО СЦЕНАРИО: Ако Балканот не се интегрира, ќе има војна?

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер вели дека на Западен Балкан му се заканува сценарио од 1990-тите, односно нестабилност, доколку ја изгуби перспективата за членството во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека таа можност не би ја исклучил.

„Имам целосно почитување кон Јункер за разлика од многумина кои измислуваа дека бил пијан. Тој не беше пијан, бидејќи има проблеми со кои многумина од нас се соочуваат во движењето. Тој е сериозен и одговорен човек. Можеби е претерано тоа што го кажа, но јас не би го отфрлил тоа, ако бидеме оставени сами на себе“- изјави Вучиќ.

Јункер рече дека ако на Балканот му се скрати шансата за ЕУ, наскоро ќе има војна. 

Според него, ова ќе се случи ако ЕУ дозволи да згаснат надежите на Босна, Албанија, Србија, Македонија и Црна Гора за пристап во Унијата.

„Ако, во крајно комплицираниот пејзаж на Европа, се појави впечаток дека не сме сериозни во нудењето ЕУ-членство на Западен Балкан, подоцна, а веројатно и порано, може таму да го видиме она што го видовме на Балканот во 1990-тите“-  рече Јункер во говорот пред австрискиот парламент.

Јункер  минатиот декември кажа дека проширувањето на Балканот е од витално значење за одржување на стабилноста во регионот и дека очекува Србија и Црна Гора да влезат во блокот до 2025 година.

Сепак, патот до полноправното членство во ЕУ за овие држави „сè уште е многу долг“, рече Јункер.

Иако некои од земјите постигнаа напредок, „тој напредок сѐ уште не е доволно голем“.

Тој посочи дека ЕУ може да им понуди на државите еден вид „економска област каде што делумно може да се однесуваат така како што на крај ќе се однесуваат како полноправни земји-членки“.

Јункер повтори дека не смета дека некоја од нив ќе постигне полноправно членство „пред 2025 година, па дури и тогаш тоа нема да биде брзо“.

Слично

Поврзани вести