Лошите проекции на делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид причина за нов анекс кон договорот
Сериозни пропусти се направени во проектирањето на повеќе делници кои се во изградба во моментов.
Токму лошите проектирања се причина за подготвувањето на измени дополнувања на Законот за реализација на инфраструктурни проекти.
Анекс кон договорот за изградба претрпат патната делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.
Надлежните соопштија дека анексот се прави заради продолжување на рокот за изградба, кој ќе биде составен дел на договорот.
„Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Охрид, ќе се овозможи продолжување на рокот за изградба на патна делница Миладиновци-Штип, кој ќе биде составен дел на договорот“, пишува во образложението на предлог-законот.
