ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ЕУ: Парите секој ден помалку вредат, кризата зема замав!
Претседателот на германската Бундесбанка, Јоаким Нагел, очекува инфлацијата да биде силна закана дури од 2024 година.
„Ќе биде потребно извесно време додека инфлацијата не го достигне нивото каде што треба, а тоа е два отсто“, изјави Нагел за НТВ.
Тој посочи дека на земјите од ЕУ им претстојат уште неколку тешки месеци.
Тој смета дека Европската централна банка постапила силно со четири зголемувања на каматите и изрази очекување каматните стапки да продолжат да растат.Нагел е убеден дека поради одлуката за ограничување на цената на гасот, во декември ќе биде видливо помал пораст на цените.
„Во јануари и февруари повторно ќе имаме малку повисока инфлација. Во текот на следната година инфлацијата во Германија ќе биде околу седум проценти. А од 2024 година стапката на инфлација тогаш јасно ќе се намали“, рече тој.
Слично
