Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА БРИТАНИЈА: Експертите предвидуваат - Излезот од рецесијата ќе биде бавен, а економското закрепнување долго

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА БРИТАНИЈА: Експертите предвидуваат - Излезот од рецесијата ќе биде бавен, а економското закрепнување долго

Во текот на оваа година, Британија иако е меѓу членките на групата седум најразвиени земји на светот Г7, ќе се соочи со најдолга рецесија и најслабо закрепнување поради долгорочните последици од инфлацијата предизвикани од пандемијата и конфликтот во Украина, пишува весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на водечки британски економски експерти.

Според експертите, Британија, во споредба со повеќето членки на ЕУ, ќе се соочи со подолг период на „инфлаторен шок“, поради што властите ќе мора да водат строга фискална политика во текот на годината.

Според весникот, британската економија е „невообичаено“ изложена на зголемување на каматните стапки и цените на енергијата ширум светот, бидејќи побарувачката за гас го надминува капацитетот за складирање и голем број хипотекарни заеми ќе мора да се обноват со фиксни каматни стапки.

Во изминатите неколку месеци Британија се соочува со економска криза, пишува РИА Новости.

Според податоците на Банката на Англија, британската економија влезе во рецесија која се очекува да трае најмалку до втората половина на следната година.

Слично

Поврзани вести