Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лоши прогнози: Што го натера ММФ да ги намали прогнозите на светската економија?

Лоши прогнози: Што го натера ММФ да ги намали прогнозите на светската економија?

Меѓународниот монетарен фонд повторно ја намали прогнозата за раст на глобалната економија за 2019 година.

Поради растечките трговски тензии и заострување на монетарната политика во САД.

Светската економија оваа година ќе порасне по стапка од 3,3 отсто, што е забавување во однос на проценката на раст од јануари од 3,5 отсто, се наведува во најновиот извештај на ММФ за светските економски изгледи објавени на официјалниот портал на тој кредитор.

Сепак, проекцијата на раст за 2020 година е задржана на 3,6 отсто.

Економистите на ММФ исто така ја намалија прогнозата на раст за САД за оваа година на 2,3 отсто во однос на минатогодишниот раст од 2,9 отсто.

Еврозоната според извештајот, ќе порасне по стапка од 1,3 отсто, што повторно е послабо во однос на минатогодишниот раст од 1,8 проценти и пониска од било која година од 2013 година.

ВДП на Јапонија според проценките ќе порасне за 1,0 отсто, што е повеќе од растот од 0,8 отсто од 2018 година, но благо пониско во однос на претходната проценка на Фондот.

За кинеската економија, меfународниот доверител ја предвидува стапката на раст од 6,3 отсто оваа година, намалена од 6,6 отсто во 2018 година, но повеќе од 6,2 отсто раст на прогнозата за раст на кинеската економија во јануари.

„Перспективите на Кина се подобрија“, соопштил Фондот, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го суспендира планираното зголемување на кинескиот увоз од 200 милијарди долари.

ММФ очекува глобалната трговија да забави на 3,4 отсто оваа година, што е драстично забавување во однос на растот од 4,0 отсто колку што е очекувано во јануари и во однос на растот на трговијата од 3,8 отсто во претходната година.

Слично

Поврзани вести