Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОША ВЕСТ ЗА ДИЗЕЛАШИТЕ: Цената на нафтата се приближи до бензинот!

ЛОША ВЕСТ ЗА ДИЗЕЛАШИТЕ: Цената на нафтата се приближи до бензинот!
Од почетокот на април досега цената на дизелот е поголема за 13, 6 отсто, односно од 44 денари во април таа сега изнесува 50 денари. Пораснаа и цените на бензините но помалку од цените на дизелот. Тие сега се на ниво од 63,59 односно 65 денари, а во април беа 61 односно 63 денари. Ниту вчерашната промена не донесе нов тренд, бензините поевтинија за половина и за денар а цената на дизелот остана иста. Ваквите различни модели при пресметката се повеќе го прават неконкурентно дизел горивото, односно ако продолжи да се оди на приближување на цените на бензините и дизелот, автомобилите со дизел ќе станат неатрактивни. Инаку, тоа е светски тренд, кој го следи и Македонија, цените да се приближуваат поради подобрата еколошка функција на бензините наспроти дизелот.
Слично

Поврзани вести