Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОША СЕЗОНА ЗА ТУРЦИЈА: Се повеќе авиокомпании ги откажуваат летовите за летото!

ЛОША СЕЗОНА ЗА ТУРЦИЈА: Се повеќе авиокомпании ги откажуваат летовите за летото!

Авиокомпании ги откажуваат резервираните летови до турски летувалишта ова лето поради опасност за безбедноста по серијата терористички напади.

Барањата за одмор во Турција ова лето нагло се намалија по терористичките напади во Истанбул.

Како резултат на тоа авиокомпаниите масовно ги откажуваат летовите до турските летувалишта оваа сезона на летни одмори.

Откажани се летовите до Бодрум, Даламан, Анталија. Но за сметка на тоа се зголемува побарувачката на одмор во Шпанија, соопштија туроператорите.

Авиокомпанијата „Томас Кук“ откажала една третина од летовите во Турција.

Секоја авиокомпанија е слободна да ги укинува летовите без право на надомест ако соопшти за тоа барем две недели порано, пишува „Индипендент“. Сепак, тие се обврзани да ги враќаат средствата на патниците или да им обезбедат алтернативен лет.

Слично

Поврзани вести