Лош старт на годината – во јануари двојно помалку инвестиции отколку лани
Вкупно 16,3 милиони евра странски директни инвестиции се влеале во Македонија во првиот месец од годинава, што е двојно помалку отколку во ланскиот јануари кога во земјава се влеале 34 милиони евра странски директни инвестиции, покажаа податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Во цела 2013-та година вкупниот обем на странски инвестиции во Македонија изнесувал нешто над 250 милиони евра. За годинава, пак, и покрај лошиот старт, Владата прогонозира оваа бројка да ја натфрли и да привлече инвестиции вредни најмалку 300 милиони евра.
Велика Британија, Австрија и Германија, во текот на минатата година беа најголемите инвеститори во земјава. Од Обединетото Кралство во Македонија се инвестирале 44,63 милиони евра, австриските инвестиции беа на ниво од 36,54 милиони евра, додека германските „тежеа“ над 27 милиони евра.
Рекордот на привлечени странски инвестиции и натаму го држи 2007 година, кога во земјава се слеале инвестиции вредни 506 милиони евра.
Слично
