Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОШ ПОКАЗАТЕЛ: Се зголемил бројот на сиромашни граѓани во Македонија

ЛОШ ПОКАЗАТЕЛ: Се зголемил бројот на сиромашни граѓани во Македонија

Скоро половина милион граѓани во земјава се сиромашни, и бројките покажуваат дека има повеќе сиромашни луѓе за разлика од 2016 година. 

Има сиромашни семејства, вработени кои се сиромашни, но и пензионери. 

Лани 22.2 отсто или околу 460 илјади граѓани биле сиромашни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Стапката на сиромаштија е поголема во однос на претходната година кога изнесувала 21,9 отсто или околу 445 илјади граѓани спаѓале во групата сиромашни.

Основа на пресметките на сиромаштијата, се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

По типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 отсто. Стапката на сиромашни вработени лица е 9 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 отсто.

Според ДЗС, Gini коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 32.5 отсто.

Според дефинитивните податоци, во 2015 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21.5%, a во 2014 година стапката на сиромашни лица во Република Македонија била 22.1%. 

Слично

Поврзани вести