Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лоренс Оер: Ситуацијата во Македонија е загрижувачка

Лоренс Оер: Ситуацијата во Македонија е загрижувачка
Покрај политичката ситуација во Македонија, која е загрижувачка, земјата има и други вистински проблеми кои треба граѓаните и политичките партии, заеднички да ги решат, порача француската амбасадорка Лоренс Оер. Според амбасадорката, еден од клучните проблеми е слободата на медиумите, која е неопходна за транспарентно и непристрасно информирање. Според извештајот на Европскиот парламент, Македонија е лидер според недостаток на слобода на медиумите и корупција. Веднаш после неа се Црна Гора, Албанија и Косово. Според стапката на невработеност пак, Македонија е на второ место, а после неа е Косово. Амбасадорката Оис рече дека ќе продолжат да ги следат случувата во државата и им порача на политичките партии заеднички да работат за надминување на политичката криза.
Слично

Поврзани вести