Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон: Сирија купува нафта од „Исламска држава“

Лондон: Сирија купува нафта од „Исламска држава“

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд ги обвини властите во Сирија дека купуваат нафта од борците на терористичката група „Исламска држава“ (ИД).

Информацијата ја соопшти ТАСС, цитирајќи ја изјавата на Хамонд, објавена денеска на страницата на надворешно-политичкото министерство на Велика Британија.

 Халмонд ги коментирал вчерашните записи од ЕУ на уште седум физички и шест правни лица во „црната листа“ за Сирија, истакнувајќи дека Велика Британија „неуморно работела со другите земји членки на ЕУ, за да се постигне вклучувањето на 13 нови лица во санкционираната листа“.

Овие мерки се насочени „против оние кои развиваат, дистрибуираат и користат хемиско оружје против бизнисмените и компаниите“, и ги поддржуваат борците на провладините паравоени формации, нагласува британскиот министер, цитиран од агенциите.

На тема за нафтата Хамонд изјавил: „Ние во ЕУ, исто така се договоривме да преземеме мерки против лицата кои го снабдуваат со нафта режимот на Дамаск, вклучувајќи го и Џорџ Хасве (сириските бизнисмен, христијанин, како и сопственик на градежна компанија Хески) - посредникот кој купил нафта од ИД со подршка на режимот“.

Според шефот на британското Министерство за надворешни работи, сирискиот претседател Башар Асад не води борба со ИД.

„Ова име на листата е уште еден доказ дека војната на Асад против ИД е измама, тој ја поддржува финансиски“, изјавил Хамонд.

Тој нагласил: „Ќе продолжиме да вршиме притисок врз режимот на Асад додека тој не ја преиспита својата позиција, не го запре насилството и не започне конкретни преговори со умерената опозиција“.

Слично

Поврзани вести