Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон останува силен, но Европа ќе се шокира

Лондон останува силен, но Европа ќе се шокира

Потенцијален излез на Британија од составот на Европската унија би претставувало шок за европските економии, токму во моментот кога тие бележат знаци на опоравување.

„Тоа би било шок за остатокот на Европа, односно за европските економии кои покажуваат знаци на опоравување“, порача францускиот министер за финансии Мишел Сапен, во текот на посетата на Лондон, пренесува Ројтерс.

Тој рекол и дека статусот на Лондон како глобален финансиски центар би бил во извесна мера загрозен ако Британија на референдумот наредниот месец гласа за излез од Европската унија.

„Сити (Лондон) е значајна финансиска сила и не верувам дека Брекзит (излез на Британија од ЕУ) ќе ги промени сите елементи кои ја обликуваат неговата сила“, рекол Сапен.

„Меѓутоа, исто така мислам дека нема да помине без никакци ефекти“, додал тој.

Слично

Поврзани вести