Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон ќе наплаќа дневен влез на постарите возила, Тереза Меј ќе ги спасува

Лондон ќе наплаќа дневен влез на постарите возила, Тереза Меј ќе ги спасува

Премиерката Тереза Меј ќе ги спасува сопственците на постари дизел возила кои имаат повисок степен на емисија за јаглероден диоксид доколку градовите во Велика Британија одлучат да воведат дневни карти за влез со цел да се намали загадувањето. 

Прв кој ќе се сврти кон екологијата е градот Лондон бидејќи градоначалникот Садик Кан поднесе предлог од 2019 да им се наплаќа влез на постарите возила дневна карта од 20 фунти. 

Планот на владата е преку финансиска помош да им овозможи на возачите да купат понови автомобили кои ги исполнуваат еколошките стандарди, а се повеќе се вложува во хибридните возила со електричен погон. 

Исто така се разгледува и опцијата скапите дневни карти да имаат пониска цена или да се одложат додека не се донесе нова стратегија за чист воздух во големите британски градови.

Слично

Поврзани вести