Локвенец: После 9 години криминал, Груевски не е добредојден во Прилеп
Пратеникот од редовите на СДСМ, Хари Локвенец, бара од премиерот Никола Груевски објаснување, за како што рече, скандалот со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, споменати во аудио-снимките кои СДСМ ги изнесе во јавноста.
„Со 25 милиони евра може да се отворат илјадници работни места за младите во Прилеп и да се реши најголемиот проблем во нашиот град -невработеноста. Во Прилеп, поконкретно во населбите Тризла 2, Рид и Варош, се уште има улици без канализација и асфалт и сето тоа може да реши со многу помалку од 25 милиони евра. После 9 годишно криминално владеење и сите афери во коишто е вплеткан, Никола Груевски, очигледно е непожелна личност, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ“ – рече Локвенец.
Ветувањата на власта за странски инвестиции и илјадници работни места, Локвенец смета дека се лажни.
На крајот додаде дека на вчерашната посета на Груевски на Прилеп, поминала без видливо присуство на пратениците од неговата партија, Стевананџија и Лашкоска, а не се појавил ниту Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димески.
