Локалните власти – ПОКРАТОК ПАТ ДО ЕВРОПА
„Отстранете ги бариерите - ослободете ги вашите потенцијали“ беше главното мото на вчерашната Меѓународна конференција на НАЛАС, најсилната мрежа на општини на Југоисточна Европа, која се одржа во рамките на меганастанот, Саемот на општини на ЈИЕ - NEXPO 2013, кој ќе трае до 27 септември, а се одржува во Риека, Република Хрватска.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски, првиот човек на Општина Карпош, ја имаше привилегијата да се најде на тркалезната маса со шест градоначалници, од Риека, земјата-домаќин, од Трзин - Словенија, Лулебургас - Турција, Вулкана Баи – Романија и Габрово - Бугарија, модерирана од главниот уредник на познатата новинска куќа „Ал Џезаира“, Горан Милиќ, на првиот политички ден посветен на улогата на локалните самоуправи во забрзување на процесите за евроинтеграции.
- Република Македонија доби статус кандидат за земја-членка на ЕУ уште во 2005 година, кога многу земји од регионот Западен Балкан не беа уште ни држави, немаа потпишано ни договор за стабилизација и асоцијација, а сè уште стои на исто место поради познатото банално прашање што го наметнува нашиот сосед.
Тоа ја прави фрустрирана, но има и економски реперкусии во застој на инвестициите, врз невработеноста и низа други сфери. Најголемиот дел општини во Македонија ја завршија втората, од вкупно три фази на процесот на децентрализација и кај сите постои политички консензус за пристап кон Унијата. Влијанието на европските фондови и средства до кои можат да дојдат преку локалните власти е од извонредно значење и најкраток пат до граѓаните, бидејќи токму општините се најблиски до нив и нивен сервис. Овие средства ни се неопходни во делот на управување со цврст отпад, водоснабдувањето, екологијата и енергетската ефикасност. Карпош како општина е потписник на Конвенцијата на градови 20-20-20 за намалување на емисијата на јаглен диоксид за 20 проценти, заштеда на енергија за 20 проценти и употреба на обновливи извори на енергија за 20 проценти, но интензивно работи на подигнување на нивото на транспарентност, на капацитетот на администрацијата, имплементацијата на европските безбедносни стандарди, а за остварување на тие цели ни се потребни токму европските фондови. Наша домашна задача е да ја довршиме децентрализацијата, а тоа подразбира поголемо управување со јавните финансии, а не на нас, градоначалниците, да се гледа како на локални шерифи, зашто вистински шерифи во владите се министрите за финансии кои менаџираат со половината од домашниот бруто-производ на една земја - рече Јакимовски.
Она што остана впечатливо од дискусијата на сите учесници, од претседавачот на НАЛАС, Антон Першак, до претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија, која управува со ИПА фондовите, но и другите градоначалници, е дека не смее на локалните власти да се гледа како на подизведувачи на централната власт, туку токму општините се тие кои поуспешно ги менаџираат европските пари и нудат конкретни проекти. Токму тие се оние кои можат да го скратат и да го забрзаат патот за рамноправно членство во Унијата за оние земји кои сè уште не се тоа.
NEXPO 2013 продолжува денеска со тематски работилници, пред сè посветени на енергетската ефикасност, но и со презентација на посебни штандови на своите инвестициони потенцијали. Општина Карпош, како и досега, има импозантен штанд во рамки на саемот и своја понуда на сите ресурси за привлекување на инвестиции и развој на регионалната соработка со општините од Југоисточна Европа.
Во делегацијата која ја предводи градоначалникот Јакимовски во Риека, се вклучени и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, и членови на Советот од сите советнички групи кои партиципираат во неговата работа.

Слично