Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локален протест против најскапата патарина во историјата на Македонија

Локален протест против најскапата патарина во историјата на Македонија

Жителите на Миравци, Прдејци и Смоквица изразија незадоволство од тоа што за одење до Гевгелија ќе треба да плаќаат патарина по цена  по 100 денари - најскапата цена во историјата на автопатиштата на Македонија.

Оваа цена е предвидена да се воведе на автопатот Демир Капија - Смоквица кога ќе се инсталира наплатниот систем и рампата кај Гевгелија на крајот ид годината.

Тие побараа од градоначалникот на општина Гевгелија,Сашо Поцков да бидат ослободени од плаќање, бидејќи тоа ќе претставува голем финанасиски товар за нив во секојдневните оатувања двонасочно до Гевгелија на работа или по други потреби.

– Поради ваквите реакции и барања на граѓаните уште на 10-ти овој месец, упатив писмено укажување до Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија дека мора да се најде решение за проблемот до ставање во функција на патарината кај Смоквица, изјави Поцковм кој ги поддржа незадоволните и призна дека се во право.

Едно од можните решенија е да се доизградат преостанатите два километри од регионалниот пат Прдејци-Смоквица, по што жителите од споменативе села нема да мора да плаќаат патарина.



Слично

Поврзани вести