Љупчо Николовски: Во вторник ќе се донесат мерки за дејностите што затворија
Вицепремиерот за борба за корупција Љупчо Николовски во „Дневникот“ на Сител вечерва најави дека во вторник на следната владина седница ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати оние субјекти кои принудно беа затворени во изминатите две недели поради пикот на пендемијата.
– Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните, најави Николовски во вечерното телевизиско гостување.
Вицепремиерот ова го најави откако денеска на Собрание поминаа законите во кои се содржани мерките од петиот сет а финансиската реализација треба да започне од утре, односно до 30 април.
Угостителите и робитниците од туризмот, како и од другите засегнати дејности, сепек за вторник најавија масовен протест на кој ќе бараат безусловена и неповратна финансиска помош.
