Љупчо Николовски: Србија дозволи извоз на две илјади тони масло за јадење за Македонија
Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска информираше дека Србија донела одлука да дозболи контингент на извоз на масло за јадење во Македонија до две илјади тони.
- На вчерашната седница Владата на Србија донесе одлука 2 милиони литри масло за јадење да може да се извезе во Македонија. Одлуката од денеска е на сила и е рамномерна, односно секоја фирма ќе може да извезе еден дел во Македонија. Од утре количините ќе бидат на располагање на нашата земја. Тоа ќе ги задоволи потребите за еден месец, рече денеска Николовски.
Министерот додаде дека продолжува координацијата со Србија за нови ослободувања во иднина.
- Ноќеска и сабајлево разговарав со министерот, ова е една одлука, ќе следат и нови во наредниот период. Да нема паника, има доволно зејтин за сите граѓани, дополни тој.
